Најдоброто решение би било за време на претседателските и парламентарни избори да се организира и референдум за искористување на средствата од самоприденосот за реконструкција на главната водоводна линија, истакна градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Организирањето на референдумот во ист ден со изборите е во полза на штипјани, од една страна да не се користат дополнителни средства за распишување на референдум, а од друга страна да се мотивираат граѓаните да се изјаснат по однос на искористување на средствата од самопридонесот, додаде Јорданов.

  • Веќе разговарав со поголем дел од советниците  и ќе закажеме седница на Совет на којашто ќе се донесе одлука за распишување на референдум, што би требало да се одржи на истата дата кога ќе бидат и парламентарните избори. На тој начин ќе ги мотивираме граѓаните да се изјасанат по однос на искористување на овие средства, кои губат од својата вредност, вели Јорданов.

Тој смета дека наместо овие пари да ја губат својата вредност најдобро е да се инвестираат во најголемиот проблем за штипјани, а тоа е водоснабдувањето. Поради старата главна водоводна линија, постојано се случуваат дефекти и голем дел од домаќинствата остануваат без вода за пиење.

  • Со овие средства  ќе можеме поголем дел од главната водоводна мрежа да биде променета, да се направи план за поставување на вентили, коишто ќе придонесат за евентуални дефекти, за да  не остане градот без вода, туку ќе се изолираат улиците каде што е настанат дефектот, нагласува Јорданов.

Околу еден милион евра од самопридонесот се на посебна трезорска сметка, а локалните власти во Штип низ годините наназад имаа два неуспешни референдуми, токму за овие пари.