Се врши тестирање на опремата во пречистелната станица за вода

По успешното поврзување на новата филтер-станица за вода за пиење лоцирана во с. Тработивиште со водоснабдителниот систем кон Делчево, од денеска започнува процесот на тестирање на вградената современа опрема во новата филтер-станица. Тестирањето се врши со цел да се утврди исправноста и функционалноста на опремата пред нејзиното вклучување во употреба.  Во исто време е извршено и приклучување на новата водомерна шахта со која ќе се мери протокот на вода кој влегува од новата филтер-станица во системот за водоснабдување кон Делчево.

Исто така, во текот на вчерашниот ден, екипи на ЈКП „Брегалница“ го санираа и испустниот вентил на цевководот  од с. Тработивиште кон Делчево кај месноста Умин Дол.

Изградбата на пречистителната станица за вода за пиење во Делчево е во рамките на големиот проект за Подобрување на водоснабдувањето во Делчево, вреден околу 9 милиони швајцарски франци и финансиски поддржан од Швајцарската Конфедерација, МЖСПП и Општина Делчево.