Струмица ги чествува своите сограѓани кои преземаат поздвизи

Струмичанецот Благој Ѓузелов тргнува во поход кон  Хималаите во искаќување на врвот Ајланд Пик. Ѓузелов беше испратен во освојувањето на врвот со пораката од градоначалникот Костадин Костадинов.

-Единствени, храбри и секогаш подготвени за нови предизвици, такви сме ние струмичаните. Поддршка за нашиот сограѓанин Благој Ѓузелов кој ќе го искачува врвот Ајланд Пик на Хималаите. Благоја , нека ти е среќен патот и да ти се погодат временските услови за да можеш да го реализираш твојот сон. Ние сме со тебе!, му порача Костадинов.

Струмичанецот, кој живее во Швајцарија, Николчо Ѓоргиев, Во чест на струмичката фудбалска легенда Благој Истатов, Николчо со својот велосипед извози 2.000 километри од Цирих до Дојран.

Ѓоргиев беше меѓу 100-те врвни спортисти кои учествуваа во главната дуатлон трка на долги патеки (10 км. трчање + 150 км. возење велосипед + 30 км. трчање) и како единствен претставник од Балканот и член на ВК „Актив“ бранејќи ги боите на македонскиот дрес го освои 13-то место во генералниот пласман.

Во кабинетот на градоначалникот, Костадинов заедно со претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскалов, му  честитаа на Ѓоргиев за спортскиот подвиг.

И крајот за најмладите. На Светското шаховско првенство за млади во Египет, што започна денеска, Македонија ќе ја преставува четворица млади шахисти до 8, 10 и 12 години. Тројца од нив  се  членови на ШК „Цареви Кули“ од Струмица – Јован Вукашиновиќ и Ина Крумова, во категоријата до 8 години,  и  Мартин Гоцев во категоријата до 10 години.

Тројцата струмичани ќе се најдат меѓу 630 млади шахисти од 60 држави од светот, чие заминување во Египет беше помогнато од  Општина Струмица.