Свечена академија по повод Светскиот ден на наставникот, на која се доделија признанија  десетта година по ред се одржа денес во Штип, а по втор пат најистакнатите наставници од основните и средните училишта, како и од градинките на територија на Штип добија ваучери.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на свечената академија истакна дека во изминатиот период доста се вложуваше во инфраструктурата со цел да се подобри образованиот процес во општината.

  • Многу од она кое го комуницираме и од кое произлегуваат нашите обврски како директни чинители – имаме обврска заедно да ги реализираме во насока на подобрување на воспитно образовната дејност, но и самата инфраструктура во градинките, во основните и средни училишта, рече Јорданов.

  • Учителот е столбот на општеството, децата се нашата иднина иако во последно време образовниот процес е со големи оптоварувања, проблеми од секаков тип сепак учителот си ја знае задачата и се надевам дека образованието ќе продолжи по истиот пат како досега, истакна Mарија Иванова од Општинското основно училиште „Димитар Влахов“

Таа вели дека наставниците се свесни за новото време во кое живееме и затоа се прават напори децата да добијат квалитетно образование.