Костадинов беше домаќин на поранешните премиери Ципрас и Заев

Приватната посета на Струмица, поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас ја искористи да ја посети и општината, каде негов домаќин беше градоначалникот Костадин Костадинов. Ципрас беше во придружба на поранешниот македонски премиер, Зоран Заев, по чија покана Ципрас дојде во Струмица.
Во кабинетот, во кој цели три мандати помина Заев, со Ципрас и Зоран Заев градоначалникот Костадинов разговараше за функционирањето на Општината, нејзиниот развој, новите предизвици и состојби во државата и регионот.

-Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата, порача градоначалникот Костадинов.


Алексис Ципрас, кој прв пат е во посета на Струмица, имаше прилика да го прошета градот и да се запознае со животот на струмичани.