Започнаа активностите за реконструкција на кровната конструкција на клонот “Развигорче“ при детската градинка “Вера Циривири Трена“ во Штип. Според зборовите на градоначалникот Иван Јорданов се очекува за еден месец објектот да добие нов кров, кој ќе биде заедничка инвестиција на општината и Словенската амбасада.

  • Оваа кровна површина која е стара повеќе од 45 години, создаваше проблеми во воспитно-згрижувачкиот процес на повеќе од 270 дечиња во клонот “Развигорче” во населбата Автокоманда. Верувам на задоволство на родителите и на персоналот кој работи во оваа градинка ќе се променат супстандардните услови за одвивање на воспитно-згрижувачкиот процес, рече првиот човек на градот.

Градоначалникот Јорданов потенцираше дека нешто повеќе од 11 милиони денари, колку што се очекува да биде вкупната вредност на реконструктивните активности, се обезбедени преку проект од Словенската амбасада во Република Македонија.