Започна асфалтирањето на улицата “ Јоаким Стојков “ во централното градско подрачје, која според зборовите на градоначалникот Иван Јорданов се очекува да биде завршена и пуштена за употреба до крајот на денот.
- Денес се нанесува асфалтна маса на улицата која претходно беше со коцка и бетон. Станува збор за еден тешко пристапен терен, но очекувам во текот на денот да се изасфалтира целата предвидена површина и пристапите до куќите овде да бидат овозможени до крајот на денот, рече градоначалникот Јорданов.
По завршување на активностите на оваа улица, тој најави асфалтирање на уште неколку улици во градот.
- По завршување на оваа позиција ќе се пристапи кон асфалтирање на улицата 8ми април, како и улиците кои веќе се припремени за асфалтирање, како што е предвидената улица во градскиот стадион, дел од конзолата на река Отиња и асфалтирање на мостот на река Отиња кој очекувам до крајот на оваа недела да биде веќе финализиран, нагласи Јорданов.
За асфалтирање на улицата Јоаким Стојков, од општинскиот буџет беа издвоени нешто повеќе од 1 милион денари.