Делчево полека ги враќа во нормала улиците оштетени од големото невреме

Продолжува санацијата на оштетената патна инфраструктура од невремето во Делчево. Улицата „Царевоселска“ доби нов асфалт во должина од 220 м, а беше санирано и површинското одводнување на водата до постоечките сливни решетки и сливници.

Работите ги изведува ЈП за одржување магистрални и регионални патишта.

Деновиве започна санацијата и на кракот од бул „Македонија“ кој беше најоштетен од невремето. Санацијата на оштетената патна инфраструктура е во рамките на Одлуката на Владата за санација на последиците од невремето со која е предвидена санација и на патната инфраструктура оштетена од невремето во Делчево.