Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настаните организирани по повод одбележувањето на двата значајни датуми за Делчево, Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември и Денот на независноста на РСМ, 8 Септември.

По тој повод, Општина Делчево во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров”,ЈЛБ „Илинден”, КУД „Гоце Делчев” ја организира следната програма:

Среда, 06.09.2023
13:00 ч. – Христијански светители –самостојна изложба на Влатко Анчов  (мултифункционална сала Спомен-дом АСНОМ)

Четврток 07.09.2023
10:00 ч. – Положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во центарот на Делчево;
10:30 ч.-  Свеченoст по повод 7 Септември (мултифункционален центар Спомен-дом АСНОМ)
19:00 ч.- Меѓународен фестивал на хумор,сатира и карикатура (мултифункционален центар Спомен-дом АСНОМ)

 Сабота, 09.09.2023
 11:00 ч. Делчево-фест и Пијанечко-Малешевска свадба (летна сцена ).

19.30ч Кабаре „Првиот Алцхајмер не се заборава”- изведба „Грбави танги” од Белград  (киносала Делчево)