Отпочнуваат градежните работи на делницата Струмица – Дабиле

Сообраќај со изменет режим се најавува за делницата од магистралниот пат А4 Струмица – Дабиле, каде отпочнуваат градежни работи за реконструкција.

-Поради тоа,  сообраќајот на оваа делница ќе се одвива  со изменет режим,  па се замолуваат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат  сообраќајната сигнализација, како и да имаат разбирање за значењето на реконструкцијата на оваа делница, информира Општина Струмица.

Се работи за делница во должина од 3 километри, од кои 1,8 км ќе се прошират со по две возни ленти и проширувањето завршува со кружен тек пред мостот, а на останатите 1,2 километри е предвидена рехабилитација.