Согласно барањата на тамошните жители, клупи, канделабри, урбана опрема и летниковци ќе се поставуваат во наредниот период пред влезовите на неколку станбени единици во населбата Сењак 2.

Од кога се изградени овие згради, нешто повеќе од 40тина години никој нема променето ништо, што и може да се забележи од раскопаните тротоари и неуредните влезови на станбените објекти, велат мештаните.

Поставување на павер елементи и партерно уредување пред зградите најави градоначалникот Јорданов.

  • Во наредниот период ќе се работи на партерно уредување, а она што е предвидено во нашата програма е уредување на пристапните влезови на сите станбени единици, вели Јорданов.

Тој нагласи и дека по завршување на работата на овој потег, активностите со партерно уредување и поставување на павер елементи продолжуваат во населбата 8 ми Ноември, како и во централното градско подрачје.

  • Очекувам периодот кој што претстои поголем дел од планираните активности, заради поволните временски прилики да бидат реализирани, истакна Јорданов.

Колку точно ќе ја чини општината ваквото уредување на градот, градоначалникот вели дека сеуште не може да се прецизира, со оглед на тоа што и понатаму траат планирањата, но со завршување на активностите ќе биде позната и конечната сума издвоена од парите на граѓаните за оваа цел.