Активен летен период во основните и средните училишта во Штип, најавуваат од секторот за образование во општината, од каде велат дека додека децата одмараат ќе се вршат низа градежни активности за подобрување на условите во училиштата.
Снежана Санева, раководител на образовниот сектор во Општина Штип, најави дека со средства од буџетот на општината ќе се реконструираат кровни конструкции и дворови, ќе се работи на нови спортски игралишта но и ќе се врши внатрешно уредување на дел од училиштата.
- Во основните училишта би споменале дека во ООУ „Гоце Делчев“ ќе се работи на изградба на мултифункционално игралиште, во склоп на подрачното училиште во Три Чешми. Во ООУ „Димитар Влахов“ ќе се работи на реконструкција на кровот со средства од 3,5 милиони днари, ќе се работи и на ново мултифункционално игралиште со тартан подлога како и пристапен пат. Во ООУ „Ванчо Прќе“следи поставување на искачувачка карпа во една од просториите, вели Санева.
Таа додава дека градежни работи се предвидени и во средните училишта
- За средните училишта се превидени исто така низа активности. Во СОУ „Коле Нехтенин“ се обезбедени средства во износ од 2,2 милиони денари од буџетот за реконструкција и санација на училиштето во внатрешниот дел, а исто така и уредување на дворот. Во СОУ „Јане Сандански“ се обезбедени средства од 5,5 милиони денари за замена на прозорците со ПВЦ енергетско ефикасни прозорци,рече Санева.
Таа нагласи и дека исто така поднесена е и апликација до МОН за да се обезбедат пари за реконструкција на кровот на штипската гимназија „Славчо Стојменски.