Утре ( 20.07.2023 ) во текот на утринските часови, односно од 01 до 07 часот наутро, Општина Штип на територијата на општината, преку овластена фирма ќе спроведе тереистичка дезинсекција за уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се врши со апаратура за УЛВ ладно запрашување, а со истото ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.
Како што информираат од општината, третирањето ќе се изведува со препаратот AKVA K-OTRINE 2EW и со ларвицидниот препарат BIOPREN 4GR.
Во случај на неповолни временски услови ( ветер, дожд и др ) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, информираат од општината.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, а подетално можете да се информирате на 032/22 66 22, стои во официјалното соопштение од Општина Штип.