Претстојниот викенд за струмичани ќе биде добра прилика да го исчистат војот кабаст отпад и во соработка со комуналните служби да го исфрлат. Продолжува генералката, која започна на 11 јуни и ќе трае во наредните две недели.
-Покрај редовното чистење во договор со ЈПКД Комуналец Струмица, започнувајќи од 11.06.2023, во времетраење од 3 седмици, ќе се извршува и дополнително, генерално чистење во градот. Се повикуваат сите граѓани кои имаат кабаст отпад од своите домови да се јават на телефонскиот број 13 110 и да го пријават, по што истиот бесплатно ќе биде подигнат од комуналните служби во недела, соопшти Општина Струмица.