Почна уредувањето на Градскиот стадион во Штип. Денеска штипскиот градоначалник Јорданов истакна дека се почнати градежните активности за изградба на пристапен пат, а сите активности се очекува да бидат завршени до крајот на годината.
Во завршна фаза е реконструкцијата на трибината, а градоначалникот најави дека се размислува за реконструкција и на другата трибина која веќе е дотраена.

Јорданов потенцира оти вкупната инвестиција за уредувањето на површината е три милиони денари, а вели очекува Штип до крајот на годината да добие модерен и репрезентативен стадион со категоризација за натпревари и од највисок ранг.

– Општина Штип ќе ги изврши сите неопходни активности за изградба и на источната трибина за Градскиот стадион да биде по сите европски стандарди со што Штип ќе биде спремен да пречека големи фудбалски клубови и имиња, рече Јорданов.