Прв поглед на адреналинската патека за велосипеди во Струмица

Многу скоро Струмица ќе добие памп (адреналинска) патека за велосипеди. Како што соопшти градоначалникот Костадин Костадинов, оваа патека е завршена со 95 отсто од работите.

Памп патеката е конструирана како  континуирана патека од нагорнини, надолнини. Има и рампи за скокање околу кои возачите можат да возат велосипеди, скејтборди, ролери, тротинети и друго, генерирајќи импулс од движењата нагоре и надолу, користејќи го притисокот врз превозното средство, наместо стандардната употреба.

Оваа патека овозможува повеќе начини на забавно возење по контролирана и безбедна патека. Возачите ја задржуваат брзината на возење и импулсот, но без подтурнување или дополнително педлање.

Додека се бројат деновите пред завршување на адреналинската велосипедска патека, од општината Струмица повикуваат – подгответе ги своите шлемови за возење, задолжително е.