Струмица го доби првиот NASA Space apps HUB

Не случајно е отворен центарот за НАСА спејс апс челинџ во Струмица. Токму СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица на своето прво учество на натпреварот го круниса со третото место на хакатонот во Скопје во 2021 година. Струмица, пак, лани Струмица беше домаќин на првиот ваков натпревар во Македонија што се одржа надвор од Скопје. И третиот повод е што Општина Струмица покажа сенс за младите љубители на науката, па просториите на некогашниот Младински совет во Струмица ги предаде на младите научници, кои отворија свој центар.

По повод отворањето на НАСА спејс апс челинџ во Струмица дојде Мартина Димоска, аналогниот астронаут и дел од тимот на Nasa Space App Challenge Mountain View и Cleveland, заедно со Стефани Христов, Горазд Христов и Боби Софронијоски, сите во организацискиот тим на хакатоните во Маунтин Вју, Калифорнија и Кливленд, Охајо.

Nasa Space Apps Challenge во Струмица е под водство на Зорица Масникоса-Поп Трајкова, а една од целите е да обезбеди споделување и организирање на информации до сите учесници заинтересирани за овој вид на натпревар.

-Науката е нашата иднина и наше мото! На настанот беа присутни и Надица Партикова од општина Струмица, менторите Костадинка Тушева, Елена Депинова, Љубица Гошева, Елена Трајкова, директорката на СОУУД Димитар Влахов, Јасминка Цамбулева поддржувајќи го хакатонот во реално време. Мартина Димоска беше почестена со доделување на Благодарница и состанокот заврши продуктивно со споделувањата на идеите и искуствата од трите локации. Едукативната компонента и креативноста на учениците се поддржува и ќе се поддржува во нашата општина, рече градоначалникот Костадин Костадинов, кој е поддржувач на центарот и младите научници.

Отворањето на центарот беше одбележан и на интернет страната на глобалното движење Спејс апп челинџ.

Дводневниот хакатон се одржува секоја година, годинава е закажан за 1 и 2 октомври.  Учесниците се поделени во тимови, а доаѓаат од различни области – програмирање, наука, дизајн, раскажување, технологија. Овие тимови работат на проектите кои ги оценуваат експерти на НАСА. Најдобрите десет тимови од целиот свет се избрани за Глобалната награда. Целта на овој натпревар е да инспирира соработка, креативност и критичко размислување меѓу учесниците и да ги поттикне идните генерации научници, технолози, дизајнери, раскажувачи, инженери.