Со реконструкција на тротоарите во населбата Баби, на влезот во градот, започна уредувањето на главната сообраќајница „Партизанска“.
Првата фаза е реконструкција на тротоарската површина во должина од 300 метри, а следниот месец ќе се продолжи од населбата Баби до Сењак 4.

– Станува збор за фреквентна сообраќајница која бара безбедни тротоари. Вкупната инвестиција на првата фаза е еден милион денари, а по завршување на целиот потег ќе го знаеме целиот износ, рече градоначалникот Јорданов.

Тој најави дека првата фаза очекува да заврши за околу една недела, а веднаш потоа да започне третирањето на останатата тротоарска површина.