Струмица деновиве живее со Велигден и Рамазан

Повеќеконфесионалната Струмица ги живее своите празнични денови во духот на обичаите и навиките на различните вери. Во празнична атмосфера поминаа велигденските и ифтарските среќавања.

Во пресрет на Велигден, претставници на Општината Струмица имаа средба со учениците во Вељуса, каде најмладите ја прикажаа својата креативност со велигденските јајца и декорации.


!Струмица и струмичките населени места живеат во духот на претстојните велигденски празнувања.
Денес го имав задоволството да присуствувам на „Велигденски базар“ во дворот на ООУ „Гоце Делчев“ во Вељуса. Бев сведеок на прекрасно шаренило од ракотворби со велигденски мотиви, изработени од учениците од сите одделенија од ова училиште.
Голем број од граѓаните на Вељуса не ја пропуштија прекрасната можност да си купат од ракотворбите, а таа можност ја искористив и јас, па мојот кабинет од денес има ново велигденско руво. На тој начин учениците од ООУ „Гоце Делчев“ собраа средства за реализација на еднодневна екскурзија.
На сите вељушани, и на младо и на старо, им посакав убави велигденски празници, порача градоначалникот К0стадин Костадинов.


Во пресрет на Рамазан, градоначалникот Костадинов, во придружба на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски организираа ифтарска вечер со своите сограѓани од муслиманска вероисповед.

-Во нашата традиција, храната е повеќе од оброк. Храната е дел од нашиот идентитет. Таа е добронамерност, споделување, отворен разговор, заедништво. Ифтарската вечера е потсетник на ваквите, вистински важни работи во животот. Со добар оброк, со убав муабет, со пријатели и побогати како личности и посреќни, рече Костадинов.