Зголемен буџет за цели 10 милиони денари за тековната 2023 година за образование, доволно говори залагањето на Општината Струмица за развој на младите преку образоваинието. За сериозноста во пристапот на тема образование во прилог е и на Нацрт стратегијата за развој на образованието на Општина Струмица за периодот од 2023 до 2027 година , која беше презентирана пред заинтересираните страни.
Иднината на нашата Општина зависи од образованието и токму затоа образованието мора да остане наш врвен приоритет, рече во оваа прилика градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Иако, според него поголем дел од надлежностите во образованието се во ресорното министерство, сепак останува обврската на Општината постојано да ги подобрува условите за работа на учениците и наставниците.
-Општина Струмица, која има девет основни и три средни училишта, навистина сериозно вложува во развојот на образованието, посебно во најразлични вонобразовни активности кои се во надлежност на Општината. Ако до 2021 година Општината вложуваше 3,5 до 4 милиони денари, оваа година, во буџетот за 2023 година, планирани се 14 милиони денари. Тоа е особено важно за имплементација на проектот „Активни училишта“ во средното образование, рече во своето обраќање струмичкиот градоначалник.
Стратегијата се подготвува цели пет месеци преку учество на најразлични категории граѓани и бизнис секторот.
Костадинов упати голема благодарност до професорот Кирил Барбареев, кој бесплатно помагаше во подготвувањето на овој документ.