Италијанскиот јазик атрактивен за струмичките основци

Италијанскиот јазик се изучува во две струмички училишта, што изминатата недела му беше презентирано на Марио Де Роса одговорен на трговско – економскиот оддел во Амбасадата на Италија во Македонија.

Заедно со неговиот домаќин, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов Де Роса посети едно од овие училишта, ООУ „Сандо Масев“ каде што 78 ученици како втор го изучуваат италијанскиот јазик.

Освен во ова училиште, италијански јазик  изучуваат и 75 ученици во училиштето „Даме Груев“ во Куклиш. Тие во чест на гостите подготвија пригодна програма на италијански јазик за гостинот од Амбасадата на Италија