Општина Карбинци е една од 10 избрани општини во државата каде во следните месеци ќе се имплементира проектот за зајакнување на општинските совети.

УНДП заедно со Швајцарската амбасада и министерството за локална самоуправа ќе бидат дел од проектот.

„Програмата „Зајакнување на општинските совети“ се фокусира на неколку компоненти преку кои се подобруваат капацитетите на општините за транспарентно, одговорно и квалитетно испорачување на локалните услуги за граѓаните. Советниците во избраните општини ќе имаат можност да учествуваат во Програмата за развој на капацитетите на општинските советници која вклучува обуки на вкупно 11 теми поврзани со јавен финансиски менаџмент, просторно и урбано планирање, добро управување и борба против корупција, меѓуопштинска соработка, родова рамноправност, животна средина и справување со кризи на локално ниво,“ информираат од УНДП.

foto-UNDP

Секоја од десетте општини ќе има можност да искористи грант во висина од 30.000 до 50.000 долари за проекти кои ќе бидат избрани низ директна консултација со граѓаните преку Форуми во заедниците. Овие проекти, во кои со кофинансирање ќе учествуваат и општините, се со цел да се подобри квалитетот на живот во локалната заедница.