Со четири илјади садници црн бор во сабота ќе се пошумува месноста „Кумлак“ во штипско. Во акцијата ќе учествуваат вработени во администрацијата, општината и јавните претпријатија, а како што вели штипскиот градоначалник Јорданов целта е заеднички да придонесат за почиста животна средина и да се подигне свеста кај граѓаните за раззеленување на околината.
– Грижата за здрава животна средина оваа пролет ќе биде приоритет за општината. За оваа цел на 11 март Општина Штип заедно со јавните претпријатија ќе спроведе голема акција за пошумување, рече Јорданов.
Покрај месноста „Кумлак“ садници ќе се засадат и покрај коритото на река Отиња и на други локации во градот.
Бидејќи расадникот на „ЈП Исар“ нема доволен број садници, тие ќе бидат донација од општествено одговорни компании.