Штипските советници изгласаа повеќе одлуки за воведување градски превоз што и официјано ќе го врши ЈП „Стипион“. Документацијата за набавка на шесте автобуси со кои претпријатието ќе оперира е во процес на подготвување, а првиот автобус на штипските улици се очекува кон крајот на август.
Цената на картата ќе биде 30 денари, а останатиот дел до 90 денари ќе го субвенционира општината со цел граѓаните да не плаќаат високи суми. За учениците, пак, превозот ќе биде целосно бесплатен и наместо со приватни превозници како досега, тие ќе го користат општинскиот.
– Цената на тарифа два е 80 денари и се однесува на превозот од населбите Македонка и Балканска. Тарифата три е 90 денари и ги опфаќа населбите Три Чешми, Чардаклија и Стар Караорман. Претходно беа 60 и 70 денари, а сега имаме покачување од 20 денари, истакна општинскиот сообраќаен инспектор Оливера Блажева.
Таа истакна дека со денешните одлуки утврдени се должностите, обврските на вработените и корисниците на превозот, начинот на кој ќе се одвива јавниот превоз, како и бојата на возилата.