Неизмерна среќа, радост и насмевки на лицата на дечињата од детската градинка„Кокичиња“ во Општина Карбинци. Дедо Марз им испрати пакетчиња, а им ги подели денес гардоначалникот Виктор Паунов.

„Денес во духот на новата година ги посетивме најмалите во нашата општина во детската градинка ,,Кокичиња”. Дечињата добија новогодишни пакетчиња а радоста беше незимерна, “ кажа Паунов.

Пакетчиња во оваа предновогодишна недела добија и младите борачи од БК ,,Киро Ристов” од Таринци.

Градоначалникот неделава присуствуваше и на новогодишната приредба што се одржа во организација на ПОУ ,,Страшо Пинџур” Таринци.

 

Учениците од оваа училиште со песна, игри и рецитации, ја испратија старата и ја поздравија Новата Година.