Со цел намалување на отпадот во градот, штипските советници едногласно се договорија  на три локации во општината да се постават три подземни контејнери – на улицата „Тошо Арсов“ пред Безистенот, на улицата „Кирил и Методиј“ и на „29-ти ноември“ кај промајата. Лазар Хаџи Николов од Општина Штип истакна дека предвидено е ваквите контејнери да се постават на површина од 16м2, длабочината да биде 2,3 метри под површината на земјата.

– Нашата советничка група ќе ја поддржи оваа одлука бидејќи е заложба на двете советнички групи. Веруваме дека Одделението ќе изнајде можност за проверка и на останатите локации кои се проблематични во централното градско подрачје, а потоа и во останатите урбани заедници каде има потреба за одлагање на поголема количина отпад, истакна советничката од СДСМ, Маријана Рогожарска Поповска.

И координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов, истакна дека покрај што ова им било предизборно ветување и заложба, сега ќе се реализира.