Три проекти, кои се однесуваат на енергетска ефикасност и заштита на животната средина беа изгласани од граѓаните на Струмица на буџетскиот форум. Првиот проект е дел од веќе најавениот со кој Струмица добива еколошки јавен превоз преку проектот за набавка на еко електрични автобуси и поставување на смарт постројки. Следните два приоритетни проекти според граѓаните се: Поставување на фотоволтаици на сите основни и средни училишта и изработка на соларен катастар.
Градоначалникот Костадин Костадинов најави дека со општинскиот буџет се предвидени и повеќе капитални проекти кои се однесуваат на подобрување на животот на граѓаните.
Приоритетни проекти се очекува да бидат финансирани од општинскиот буџет за 2023 година.