Првиот асфалтен слој штипските улици „Браќа Даневи“ и „5-ти Конгрес“ ќе го добијат до крајот на градежната сезона, а вториот напролет. Ова го истакна градоначалникот Иван Јорданов кој беше на увид во градежните работи, откако овде беше реконструирана водоводната и канализациска мрежа. По овие две улици, асфалт ќе добијат и уште две улици во истата населба, „Широк дол“ и „Цвета Јованова“.
– Се врши тампонирање на двете улици и се поставуваат тротоарските површини, практично се подготвуваат за асфалтирање, рече Јоранов
Инаку дека станува збор за проект на Светска Банка преку Министерството за транспорт и врски во висина од 28 милиони денари, а шест милиони денари се од општината.