Нешто по 14 часот во градот под Исарот беше кренато макфестовското знаме, со што и официјално стартуваше 37. издание на фестивалот за забавна музика “Макфест”. Денеска и утре, сите патишта ќе водат кон Штип.
Организаторот на фестивалот, Александар Аесовски, вели дека во целост, навремено е завршена организацијата, па најави дека очекуваат успешен фестивал и многу хитови.
Уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов, на прес-конференцијата пред фестивалот, рече дека не бил на сите изданија на “Макфест” досега, но годинешната организација е феноменална.
– Се функционира како швајцарски часовник, се заблагодарувам на сите што учествуваа во организацијата, рече Саздов.
За организацијата се заблагодари и штипскиот градоначалник Јорданов.
– Штип викендов ќе биде епицентарот на македонската забавна музика, рече Јорданов.