Ново спортско игралиште беше пуштено во употреба во штипската населба „Кадидере“ на улицата Личка. Градоначалникот Јорданов кој денеска присуствуваше на отварањето заедно со директорите на јавните претпријатија и советници од општината, рече дека целта е да се поттикнат сите генерации да спортуваат и да бидат физички активни.
– Во изминатиот период работевме на ова фудбалско игралиште затоа што овде затекнавме руинирано, со години запоставено игралиште. Одлучивме да инвестираме затоа што имаше барање од жителите, вели Јорданов.
Игралиштето инаку претходно е изградено и уредено од штипска општествено одговорна компанија, а сега е модернизирано од истата компанија во соработка со општината. Денеска освен што има вештачка трева, игралиштето има и целосно осветлување. Инвестицијата е вредна 1,5 милиони денари.