Штип е спремен да го пречека светскиот виртуоз на пијано Симон Трпчевски. Вечерва во 19 часот на Градскиот плоштад, штипјани ќе може да ја проследат премиерата на интернационалниот музички проект, албумот „МАКЕДОНИСИМО“.
Проектот, што по идеја на Трпчески на оригинален начин ја обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, ја изведува уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ во кој, покрај Симон Трпчески на пијано, членуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките Влатко Нушев.
Концертот се организира со поддршка на општината, а изведбата граѓаните ќе може да ја проследат бесплатно.