Изменет сообраќаен режим во Штип поради „Пастрмалијада“

Поради организација и припрема на манифестацијата Пастрмалијада од Општина Штип информираат дека од денеска ќе има изменет сообраќаен режим во градот.
– Од денеска од 17 часот ќе биде затворена ул. Борис Кидрич од крстосницата со булевар Партизанска до крстосница со булервар ЈНА, се до завршување на манифестацијата 24.09.2022 година, а на 23.09.2022 година и 24.09.2022 година (петок и сабота) ул. др. Слободан Јовановски ќе биде со еднонасочен режим на сообраќај, велат од општината.
Викендов главни ѕвезди ќе бидат Јелена Розга и Тони Цетински, а познатиот штипски специјалитет, пастрмалијата, по договорот со угостителите ќе се продава по 190 денари.