Почнува постапката за реконструкција на улицата „Ванчо Прке“ во Делчево

Општина Делчево ја објави јавната набавка за реконструкција на улицата во должина „Ванчо Прке“ во должина од 223 метри. Паричните средства во висина од 2.300.000,00 денари без вклучен ДДВ се обезбедени од Владата од ставката поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите и врз основа на склучен Договор за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на извршена исплата на финансиски средства склучен помеѓу Министерот за транспорт и врски на Република Северна Македонија и градоначалникот на Општина Делчево. Владата доделува 1.428.074,00 денари на Општина Делчево, додека Општината учествува со  сума од 871.926,00 денари без ДДВ обезбедени од општинскиот буџет за 2022 година.

Јавно отворање на понудите ќе се одржи на ден 12.09.2022 година во 9:00 часот.

Со реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“ ќе се реши актуелниот проблем со оштетеноста на коловозот и ударните дупки, а ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на учесниците, како и квалитетот на живеење на населението од ромска, македонска и турска етничка заедница која живее на улицата и во овој дел од населбата..