Започна поставувањето на заштитна ограда на левата страна на реката Отиња, низводно од ЈП Исар до вливот на реката во Ново Село.
Се работи за ограда во должина од 1350 метри, а проектот вреден околу 5,6 милиони денари е предложен од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, а одобрен од централната власт.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, упати благодарност и до пратеничката група која го предложи, но и до централната власт која го одобри овој проект, кој како што вели е од големо значење за жителите на градот.

– Најпрво овој проект значи поголема безбедност за сите пешаци кои ќе го користат овој потег околу река Отиња, но исто така ќе значи и за модернизирање и промена на изгледот во централното градско подрачје низводно на река Отиња, модернизирање и урбанизирање на нашиот град, вели Јорданов и рече дека очекува активностите да бидат завршени до крајот на месецов.

Мицевски кој денеска присуствуваше на лице место рече дека се побарани и одобрени четири милиони денари за конзоли на река Отиња од хотел „Оаза“ до црквата Свети Никола, а потсети и дека минатата година побарале четири милиони денари за реконструкција на бањата Кежовица.