Кредит од пред 20 години земен за реконструкција на водоводната и канализациска мрежа во градот претставува проблем за денешното работење на штипското водоводно претрпијатие Исар.
Иако кредитот е земен во 2002 година и со гаранција од општината и Министерството за финансии, ратите со години или не се плаќале или се плаќале минимални суми, па сега 20 години подоцна, се само што се уште се враќа, туку и има и 160 милиони денари камата.

Директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков, денеска на пресконференција инсистираше дека штипјани треба да ја знаат вистината за овој кредит. Вели не е спорно што се подигнал кредит, туку како се трошеле средствата и дали се враќале согласно тогаш договорениот динамичен план.

– Во 2000 година од страна на Цоветот на општината е иницирано да се подигне кредит, кој подоцна по промената на власта го потпишуваат тогашниот градоначалник Димитар Ефремов и тогашниот директор на ЈП Исар. Кредитот е случен за средства од 2,6 милиони евра, користени во периодот од 2002 до 2006. Имало грејс период и кредитот требало да почне да се плаќа во 2005 година.  Од 2005 до 2009 година по основа на овој кредит се платени само 21 милион денари, а задолжувањето било на повеќе од 100 милиони денари. Од 2010 до 2015 се платени над сто милиони денари, односно повеќе од тоа што било задолжено. Потоа наместо совесно и чесно да се преземаат обврските од овој кредит, повторно имаме период каде долгот не се плаќа и судски пресуди од 2015, вели Здравков.

Сето ова неплаќање низ годините доведува до спогодба во 2021 година со која Исар од септември лани треба да плаќа 3,7 милиони денари месечно по основа на овој кредит. Ова значи дека ако во минатото а секои шест месеци требало да се плаќаат седум до осум милиони денари, сега за истиот временски период обврската е 22 милиони денари. Доколку не се подмирува, пак, Исар ќе наиде на блокирана сметка.

– 3,7 милиони денари месечно е речиси 30 отсто од приходите кои на месечно ниво ги остварува нашето претпријатие. Од анализата се гледа кој како работел и како ги сервисирал обврските, па затоа сега се наоѓаме во оваа ситуација кога имаме и пет пати поскапа електрична енергија и гориво, вели Здравков.

Ова е како низ годините, низ смена на шест градоначалници и директори, се исплаќал кредитот :

 

Во изминатите седум-осум месеци Здравков вели дека се  исплатиле околу 25 милиони денари за овој кредит и ќе се трудат редовно да ги сервисираат обврските.