Објавен е конкурсот за 15 млади од Делчево за стипендии на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје

Тече рокот за пријави на Конкурсот за доделување 15 (петнаесет) стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Стипендиите за селектираните 15 студенти од Општина Делчево ќе важат за период од четири години заклучно со 2026 година.

Стипендиите ги доделува Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, а се во износ од вкупно 7000 евра и ќе се доделуваат на следниот начин: во прва година 1000 евра, а во втора, трета и четврта година по 2000 евра.

Стипендиите важат за запишување на следните факултети од Универзитетот за туризам и менаџмент:

-Факултет за туризам

-Економски факултет

-Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент

-Факултет за менаџмент на човечки ресурси
-Факултет за информатика®

Согласно со јавно објавениот Конкурс, право за конкурирање имаат сите средношколци кои завршиле средно образование во СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево и се жители од Општина Делчево и државјани на Република Северна Македонија. Предност во доделувањето на стипендиите ќе имаат одлични ученици, ученици од  социјално загрозени семејства, ученици кои се деца без родители и ученици од ранливите категории граѓани. Конкурсот е отворен до 3 август оваа година, а повеќе информации за потребните документи ќе добиете на следниот линк: https://www.delcevo.gov.mk/soopstenija/26762