За подметнат пожар и неосновано обвинување за немање грижа за жителите коишто се соочуваат со немање вода поради дефект, реагираше градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.

Имено тој вели дека дефектот на водоводната мрежа во населените места Аџиматово и Сарамзалино поради прегорена пумпа за водоснабдување бил отстранет за 24 часа а не како што некој шири вести по социјалните мрежи дека овие жители биле без вода цели три дена.

„Гасневме пожар кој очигледно е дека е подметнат по нечиј налог. И самиот активно учествував во неговото гасење. Оспособувавме улица по санација на дефект на водоводна мрежа, која исто така по нечиј налог неовластено ги тргнал ознаките и поминал со тешко возило за да го уништи поставениот бетон. Дополнително на лице место е забележано оштетување на улично осветлување на неколку места, каде по нечиј налог е пукано на улични светилки со пневматско оружје,“ образложи градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.