Авионско прскање против возрасни комарци ќе се спроведе во четврток во Општина Карбинци.

Прскањето ќе се одвива во утринските часови во периодот од 05 до 08 часот, информираат од општината.

Во соопштените , се посочуваат локациите кадешто се се врши третирањето. Станува збор за површина од 300 хектари.

Особено се апелира до пчеларите, за време на третирањето и четири часа потоа, пчеларите да ги затворат кошниците за да ги заштитат пчелите од негативните влијанија од средството со коешто ќе се врши прскањето.

Во случај на неповолни временски услови, прскањето ќе се изврши наредниот ден.