Од ЈКП Плачковица ги информираат жителите од Општина Карбинци дека завршија со активностите за расчистување и затварање на депонијата кај селото Аргулица.

„Ја затворивме и депонијата кај Аргулица. Оваа јавна површина која се наоѓа на самиот пат повеќе нема да биде место за фрлање отпад, “ се вели во објавата.

Од тука апелираат до населението, ова место да не се користи повеќе за депонирање отпад.