Заедно со парламентарните избори да се спроведе референдум во Штип за искористување на средствата од самопридонесот. Ова го предложи градоначалникот Јорданов, потенцирајќи дека со цел да не се трошат дополнителни средства, референдумот би бил заедно со изборите без разлика дали тие ќе бидат предвремени или во 2024 година.
Парите од самопридонесот ќе се искористат за промена на дотраената водоводна мрежа во градот, а бидејќи не се доволни, проектот би се кофинансирал.
Граѓанскиот и бизнис секторот беа поканети на дебатата за оваа иницијатива и се согласни дека позитивно е што парите ќе се искористат за решавање на нешто што претставува реален проблем на штипјани.