Обновен спортско- рекреативниот центар „Динќут“ во Гевгелија

Активности на обнова на оштетените спортски реквизити и урбана опрема во спортско- рекреативниот центар „Динќут  деновиве спроведе Oпштината Гевгелија. Овие активности следеа по извршената контрола и утврдената фактичка состојба при што беа констатирани повеќе оштетувања. Од страна на градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беа иницирани активности за рехабилитација на излетиштето, во кои беа вклучени надлежните општински служби во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.

Со акцијата, беа санираа оштетувањата на спортските реквизити и урбаната опрема на излетничкото место „Динќут“, чие уредување во спортско-рекреативен центар беше во рамките на проектот „Афирмација на природните и културните вредности на пограничниот регион“, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. За овој проект, на Општина Гевгелија и беа одобрени 169.692 евра, а локалната самоуправа го реализираше во партнерство со Агенцијата за локален развој во Банско, Бугарија.

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, упати апел до граѓаните на општина Гевгелија да не се оштетуваат и повеќе да се внимава при користењето на веќе направените материјални добра кои се во служба на сите за одмор и рекреација.