Со Свечена седница, Боречки ревијален турнир и фудбалски натпревар, Општина Карбинци го одбележува својот ден, денот на општината , на ден Спасовден.

Двасет и шест години оваа општина испишува историја во која се проткаени напорите на многу луѓе, коишто дале свој придонес општината да се формира, заживее, опстојува и да продолжи да се гради.

На денешната Свечена седница, градоначалникот на општината, Виктор Паунов, потсети на луѓето коишто како членови на тој т.н иницијативен одбор, како основачи се избориле оваа рурална територија да стане посебна општина.

„Од 1996 година за зачетоците на Општина Карбинци е заслужен оној одбор којшто практично се залагал за основање на општината. Тоа се Ацо Буриќ, Никола Панев, Горан Левков, Ѓоше Манев и Делчо Стоилов. Овие пет лица се основачи на Општина Карбинци, кои го дале својот придонес од почетокот до денес,“ Рече Паунов.

Во знак на благодарност, направена е слика со ликовите на овие пет лица, којашто ќе биде поставена на почесно места во општинската зграда.

Паунов изрази благодарност до сите поранешни градоначалници и советници коишто со својата работа на некој начин дале придонес во развојот на оваа локална самоуправа. Посебно признание доби Делчо Стоилов, како благодарност и признание за неговата работа во текот на целото 26-годишно постоење на општината

Паунов, ги спомена и активностите, што следуваат во следниот период, а кои што ќе значат подобрување на квалитетот на живот во општината.

„Планираме реконструкција на старата училишна зграда во селото Таринци а веќе имаме готов проект- детска градинка во село Карбинци, за што се надеваме, со поддршка  од страна на државата, ќе успееме да ја реализирамеа што навистина би било од суштинско значење за општината,’ образложи Паунов.

Во рамките на одбележувањето на денот на општината, се одржа ревијален боречи турнир, за предпионери и пионери-машки и женски. На турнирот учество зедоа осумдесетина млади борачи од Карбинци, Штип, Неготино и Кочани.

Попладне ќе се одржи и ревијален натпревар помеѓу ФК Карбинци и Ф.К Брегалница од Штип.