Концерти, балет, изложба – Почнува тридневното празнување на Спасовден во Гевгелија

Oд денеска, со одржувањето на препознатливата
манифестација за градот Гевгелија, „Распеана чаршија“,
започнува културното чествување на заштитникот на Гевгелија,
христијанскиот празник Вознесение Христово – Спасовден.
Традиционалната манифестација ќе започне во 20:00 часот, на
платото пред Народниот театар. Со староградски македонски
песни ќе настапат: „Распеани гевгеличани“, „Распеани
валандовчани“, пејачката група на ЗП Кавадарци „Никола Бадев“,
ВИА „Распеани струмичани“ и пеачката група на Здружението на
пензионери „Сава Михајлов Гевгелија“.
Активностите од првиот ден на тридневната програма
продолжуваат со отворањето на Изложба на фотографии и
презентација на видео-материјали „Манастирите и црквите во
Гевгелиско (Стара Гевгелија), со почеток во 21:00 часот.
Изложбата е во организација на Дом на култура „Македонија“, во
соработка со ансамбл „Македонија“.
На 2 јуни, гостува балетскиот ансамбл при НУ Национална
опера и балет со балетската претстава „Ла, ла, ла“, во режија и
кореографија на Саша Евтимова. Балетската претстава ќе се
одигра во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.
Културната програма завршува со отворање на Изложба на
друштвото на ликовни уметници од Гевгелија- ДЛУГ, на 3 јуни, во
фоајето на Народниот театар, со почеток во 19:00 часот, како и
Концерт на класична музика, во изведба на Маја Чанаќевиќ
(англиски рог) и Ана Гацева (пијано).
Тридневната богата културна програма е во организација
на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а под
покровителство на Општина Гевгелија. По повод одбележувањето
на заштитникот на градот Гевгелија, Општина Гевгелија и ЈОУ
Дом на култура „Македонија“- Гевгелија ги покануваат граѓаните
од општината да присуствуваат на настаните и да уживаат во
програмата.