Најфреквентната крстосница во штипската населба Сењак го доби првиот асфалтен слој со што привршува проектот за проширување на оваа крстосница.
– Веднаш потоа, во наредните денови ќе се постави и светлосната сигнализација и ќе се уредат тротоарските површини. За неколку денови се очекува поставување и на вториот асфалтен слој и со тоа ќе се заокружи проектот за проширување на крстосницата, информира од лице место градоначалникот Иван Јорданов.
Поректот за проширување на крстосницата е во вредност од 11 милиони денари, а средствата се обезбедени од Светска банка преку Министерството за траспорт и врски.
По завршување на овој проект, Јорданов најави дека ќе се насочат кон други улици и крстосници со цел да се уреди протокот на возила и безбедноста на сообраќајот во градот.