Утре (среда) во Штип ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците.

Третирањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по течението на реката Брегалница иОтиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.

Понатака како што информираат од општината предвидено е и авионско запрашување.