ЈП „Комуна“ Крушево започна со замена на контејнерите поставени по должина на главната сообраќајница. Целта е преку поставување на нови контејнери да се оневозможи расфрлање на отпадот од истите.

„Новите контејнери ќе бидат целосно функционални и затоа апелираме до граѓаните при исфрлање на отпадот контејнерите да се затвораат. На овој начин ќе се оневозможи расфрлање на отпадот и околината ќе биде чиста.“, велат од претпријатието.

Станува збор за контејнери кои ќе се поставуваат од влезот на градот, па се до „Гумење“. Дел од контејнерите се во добра состојба, но дел се оштетени и без капаци.