Македонска Каменица: Се санираат локалните патишта и улици

Во Македонска Каменица почнува санирањето на деловите од оштетени улици и локални патишта во централното градско подрачје и руралните средини.

Во рамки на оваа активност ќе бидат ставени околу 1500 метри квадратни асфалт на локации кои се утврдени по претходни пријави од нашите сограѓани. Во периодот што следи ќе започне изградба на паркинзи на повеќе локации во Македонска Каменица, а ќе се асфалтираат и неколку улици и локални патишта за кои веќе се потпишани договори.