Нови жители, од идната година ќе добие штипската ЗОО градина. Периодот ќе се искористи за проширување на постоечките капацитети и реконструкција на постоечките живеалишта.
Новите жители, пред се питоми животни, ќе се обезбедат од ЗОО Скопје, се со цел да се збогатат содржините на задоволство на граѓаните а најмногу за најмладите.
“Во разговор со директорот на ЗОО Скопје обезбедивме донација на неколку животни коишто од март ќе бидат нови жители во ЗОО Бриони. Средствата за проширувањето на капацитетот ќе бидат обезбедени во буџетот на Општина Штип во 2022 заедно со Ј.П Исар,“информираше градоначалникот, Иван Јорданов.
Се уште не е дефинирано кои животни ќе бидат донесени, но како и досега ќе бидат питоми животни, вели в.д. на Ј.П Исар, Трајче Здравков.
„ Во моментов во ЗОО Бриони има две лами, 4 муфлони, неколку видови на кози, разни видови на птици, зајаци, животни кои што посетителите, пред се’ децата можат слободно да ги хранат и да ги разгледуваат,“ додава Здравков.
Како и досега, граѓаните можат да донираат средства кои што ќе се искористат за уредување на живеалиштата на животните.