Мостот АСНОМ ќе се доврши, но во меѓувреме треба да се решат над 150 имотно – правни проблеми кои во поголем број се проблеми помеѓу самите граѓани, рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„За мостот моето појаснување беше, директно, јасно и концизно. Некој отпочнал да гради мост без да има решено над 150 имотно –правни прашања од кои голем број од нив се влезени во спорни побарувања измеѓу физички и правни лица кои што немаат врска со градот. Тие е нешто што граѓаните помеѓу себе треба си ги решат, а понатаму да пристапиме кон експропијација на нивните имоти. Како градоначалник ќе бидат посветена на сите отпочнати проекти да се реалзиираат, но за динамиката за реализација не можам да гарантирам затоа што некој започнувал прокет кој ниту знаел како ќе го реализира. Имате над 170 не експроприрани имоти и имотно правни спорови во овој дел, особено ако ме прашувате во делот на мостот АСНОМ. Мостот ќе се доврши, но уште поважно во оваа фаза е да се потрудиме што е можно поскоро да се пристапи кон тоа да се решат овие имотно правни спорови кои ги има таму на лице место за да може мостот да биде поврзан. Не е проблем изградбата на самиот мост тој ќе биде изграден, меѓутоа поврзувањето од обете страни, но имотно правните спорови е она на што ние ќе бидеме посветени“, рече Арсовска.