На покана на директорот Војислав Димитровски во посета на ЈП Лајка беа претставници на Советот на Град Скопје.

На оваа средба беше презентирана Програмата на Лајка согласно која претпријатието работи повеќе од една година, тековните активности во работењето, идните планови и цели во решавање на проблемот со популацијата на бездомните кучиња и чекорите кои се преземаат во таа насока.

Во рамките на оваа средба Димитровски им ја презентираше работата на прифатилиштето по оддели, ја посетија ветеринарната служба каде се спроведува хуманиот третман, паркот за миленици каде се социјализираат кучињата, карантинскиот дел и одделот за вдомување каде се наоѓаат кучињата кои го имаат поминато целиот хуман третман и можат да бидат вдомени.